Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикат на УПОЗ: Јавната администрација да не се користи за партиски маркетинг

0
By Нова ТВ on January 19, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), Пеце Грујовски на денешната прес-конфернеција го оквалификува однесувањето на дополнителниот заменик-министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, како непримерно, бидејќи, како што рече, тоа претставува наршување на личниот интегритет на вработените и своевиден мобинг.

„Апелираме до сите носители на јавни функции да се воздржуваат во натамошниот период до изборите од снимање, а доколку тоа е потребно за работниот процес, должни се тоа да го најават во Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за заштита на лични податоци“, нагласи Грујовски.

Тој посочи дека, со цел спречување на понатамошни такви случувања, Синдикатот на УПОЗ ќе ги извести и Европската и Светската федерација на синдикатите од јавниот сектор, кои, како што наведе, имаат големо влијание во европските институции.

„Носители на јавни функции да не ја злоупотребуваат јавната администрација и да не ја користат за сопствен партиски маркетинг и интереси заради остварување на изборни цели“, истакна претседателот на УПОЗ.

 

На новинарско прашање околу тоа дека администрацијата се користи за партиски цели, и како што се наведува, не ја врши соодветно својата функција, Грујовски нагласи дека јавната администрација и пред и после избори е на удар на партиите од едната и другата страна.

„Јас како претседател на Синдикатот на УПОЗ мислам дека пред околу осум години кажав дека работата во јавната администрација е исто стресна, како и многу други професии, меѓутоа некои веројатно не го сфаќаат тоа и мислат дека денес е привилегија да се работи во јавната администрација. Да, ако се седи и ако не се работи, меѓутоа ако професионално се исполнуваат обврските сметам дека воопшто не е привилегија“, посочи тој.

Запрашан, што ќе преземе Синдикатот во врска со однесувањето на Трипуновски, претседателот на УПОЗ наведе дека не можат ништо да преземат.

„Колку што знам, поднесена е кривична пријава. Се надевам дека ова ќе биде опомена за него и дека нема да продолжи со вакви работи, бидејќи ова е навистина непримерно однесување, рече Грујовски.

 

Имено, во петокот Трипуноски објави видео на неговиот официјален фејсбук профил, именувано „Вонредна посета и контрола на ПЕ Берово“. За видеото вчера реагираа и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Министерството за информатичко општество и администрација.

Од МЗШВ се оградија за однесувањето на Трипуновски, нагласувајќи дека тоа не е пракса на функционирањето на Министерството, туку е личен акт на Трипуновски, со кој не се согласуваат. Од МИОА, пак, изразија осуда за секој обид на злоупотреба и мобинг на администрацијата.

МЗШВ Пеце Грујовски УПОЗ Цветан Трипуновски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.