Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синдикатот на културата бара подобри услови за уметниците

1
By Нова ТВ on March 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 7, 2018 12:15

Синдикатот на културата денеска преку соопштение упати неколку барања до министерствата за култура, за информатичко општество и администрација и за финансии кои се однесуваат на донесување нов Закон за култура, за пролонгирасе на рокот (31.03.2018 г.) за изготвување на систематизации,  за доделувања на решенија за распределување на вработените и за одобрување средства за порамнување на платите во различните дејности на културата и за унапредувањето на вработените кои стекнале стручни и уметнички звања.

-Во последниве месеци имаме нова власт која се уште нема променето ништо по однос на законите, а намерата на власта за имплементација на одредбите од некои закони, само би ги продлабочила нашите проблеми во работниот однос. Затоа, како синдикат, сметаме дека е наша обврска и должност јавно да ги артикулираме нашите проблеми и да упатиме барања до министерствата под чија надлежност припаѓаме, велат од Синдикатот.

-Донесувањето на нов Закон за култура, за уметниците и културни работници е од немерлива важност и претставува ставање крај на досегашниот Закон кој нас не стави во ригидна административна рамка, кој ја ограничи слободата на творење, кој претставува пример за легална закана од страна на работодавецот и отвора простор партиски притисок и манипулација. Донесувањето на нов закон ќе овозможи и донесување на нов колективен договор во кој ќе се решат моменталните проблеми од работниот однос, велат од Синдикатот реагирајќи до Министерството за култура, при што исто така изразуваат разочарување од Националната стратегија во делот за театарска дејност.

Од Синдикатот за култура од Министерство за информатичко општество и администрација да го пролонгира рокот (31.03.2018 г.) за изготвување на систематизации,  за доделувања на решенија за распределување на вработените.

-Систематизациите се изготвувани селективно, забележани се законски пропусти како измислени работни места, противзаконски услови за напредок во кариерата и неадекватни распоредувања на вработените од едно на друго работно место. Во оваа насока, бараме министерството да испрати допис до директорите на институциите со директива да бидат изготвени нови систематизации во кои ќе бидат вклучени синдикалните претставници и носителите на дејноста.  Потоа, да се направат соодветни промени во каталогот на работни места, а вработените да бидат распоредени на работни места соодветни на нивното знаење и стручност, истакнуваат од Синдикатот.

Од Министерството за финансии се бара одобрување на средства за порамнување на платите во различните дејности на културата и за унапредувањето на вработените кои стекнале стручни и уметнички звања.

-Вработените во институциите од културата речиси десет години се спречени да бидат исплатени за својот стручен и уметнички напредок кој е формално потврден од Министерството за култура, но не е финансиски валоризиран поради ставот на Министерството за финансии за забрана на вертикални унапредувања. Па така, вработените кои добиле решенија за повисоко стручно звање или уметнотоичка категорија, добиваат одговор од Министерството за култура дека платите ќе им бидат регулирани според новите звања и категории откако Министерството за финансии ќе одобри средства за истото, без да биде наведен рок, се вели во соооштението.

Од Министерството за култура најавија одговор на барањата на Синдикатот.

барања Синдикат на култура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.