Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синедејс: Откажани проекциите од ЛГБТ програмата

0
By Нова ТВ on November 11, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вториот ден од Фестивалот на европски филм денеска продолжува со проекциите на филмовите „Непозната девојка“, „Сиера Невада“, „Јас Даниел Блејк“ во киното Милениум, „Чисти раце“, „Жалејка“ и „Влажност“ во киното Фросина, додека во Џебното кино МКЦ на репертоарот е „Странецот“.

Во Скопје денеска доаѓа и романскиот режисер Кристи Пују да го претстави својот последен филм „Сиера Невада“ кој е копродукција меѓу Романија, Франција, БиХ, Хрватска и Македонија. Филмот е инаку и романски кандидат за Оскар.

Во сабота (12.11.16) во Скопје доаѓа и словенечкиот режисер Дамијан Козоле за промоција на неговиот филм „Ноќен живот“ кој исто така е и македонска копродукција, а во филмот меѓу другите игра и нашиот Петар Арсовски.

najt

Викендов меѓу останатото ќе може да ги погледнете и најновите филмови на Џим Џармуш – „Петерсон“ и на Вим Вендерс – „Убавите денови во Аранхуез“, како и филмот „Матура“ за кој романскиот режисер Кристијан Мунџиу годинава во Кан ја доби наградата за најдобра режија.

https://www.youtube.com/watch?v=9xezKRZLPU4

На програмата се и повеќе филмови од официјалната селекција, СинеБалкан, музички докуметарци, ревијата филмови на Орсон Велс и детски филмови, а секоја вечер во МКЦ има и музички перформанси.

Вечерва (11.11.16) специјален аудио – визуелен перформанс „Cineskapes”, во сабота (12.11.16) Anthony Rother, легенда на светската електронска сцена, а во недела (13.11.16) Давид Ангеловски Пиколомини, човекот кој стоу зад прекрасни изданија на македонската современа музичка сцена.

siera

Организаторот денеска информира дека од технички причини се откажуваат проекциите од ЛГБТ програмата која требаше да стартува од утре, сабота 12 ноември во Џебното кино на МКЦ.

Програмата ќе биде дополнително реализирана по завршувањето на фестивалот во соработка со Амбасадата на Шведска, се вели во соопштението.

Синедејс 2016
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.