Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синедејс во петок: „Тони Ердман“ и „Рај“ во скопските кина

0
By Нова ТВ on November 18, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германскиот филм „Тони Ердман“ на режисерката Марен Аде и драмата „Рај“ на Андреј Кончаловски се проекциите кои овој петок во рамките на Cinedays ќе се прикажуваат во кината.

„Тони Ердман“, кој е во трка за „европскиот оскар“ ќе се прикажува во 16.30 во кино Фросина, додека „Рај“, освојувач на „Сребрената палма“ за режија на филмскиот фестивал во Венеција, ќе се прикажува во киното Милениум во 22 часот.

Во кино Фросина е и филмот „Од онаа страна“ на Зринко Огреста кој освои седум Златни арени на Филмскиот фестивал во Пула, меѓу кои за најдобар филм и најдобра режија, а главниот актер Лазар Ристовски за најдобар актер.

Во Милениум пак, пред „Рај“, предвидена е и проекција на филмовите „Џган“ (17.30) и „Гениј“ (20 часот).

Во рамките на придружната програма од 18 ти до 20 ти секој ден во МКЦ, во 11 часот ќе се одржуваат работилници за продукциски дизајн со уметничките директори, Сара Холдрен и Лора Бишоп.

Во сабота ќе бидат прогласени најдобрите во Официјалната селекција и СинеБалкан.

Фестивалот се затвора со проекција на филмот „Устав на Република Хрватска“ на Рајко Грлиќ во кој копродуцент е и Македонија. Во Скопје ќе бидат и српските актери Небојша Глоговац и Дејан Ачимовиќ. Меѓу другите, во филмот глуми и нашата Јелена Јованова, а музиката е на Дуке Бојаџиев.

Саботната вечер е резервирана за холивудската ѕвезда Илајџа Вуд, најпознат по улогата на хобитот Фродо во трилогијата „Господарот на прстените“, кој доаѓа во Скопје со концерт како дел од музичкото дуо во кое членува, Wooden wisdom.

Cinedays 2016 Синедејс 2016
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.