Американскиот претседателт Доналд Трамп ќе се сретне со лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, на 12 јуни во Сингапур, соопшти Трамп на Твитер.
-Очекуваната средба меѓу Ким Јонг Ун и мене ќе се одржи во Сингапур на 12-ти јуни. И двајцата ќе се обидеме тоа да биде многу значаен момент за светскиот мир!, напиша Трамп на социјалната мрежа.
Ова ќе биде прва средба меѓу актуелен американски претседател и лидер на Северна Кореја.
Трамп има претпазливо оптимистички став во однос на изгледите за постигнување договор, велејќи дека се надева оти може да се преговара за историски договор, истовремено предупредувајќи дека разговорите би можеле да се покажат како неплодни.
Како е избран Сингапур
Американските официјални претставници, ги разгледувале корејската демилитаризирана зона или Монголија, како можни локации за средбата, но на крајот било одлучено тоа да биде Сингапур.
Во изборот на локацијата, најмногу влијаело тоа да биде некоја неутрална – и политички и географски. Предлогот тоа да биде Сингапур бил поддржан од највисоките административни функционери, меѓу кои и државниот секретар Мајк Помпео и шефот на кабинетот на Белата куќа, Џон Кели.
Трамп минатата недела изјави дека датумот и времето за средбата биле одреденји начелно, но не биле финализирани пред Помпео да ги запознеа и Севернокорејците.
Дипломатските врски меѓу Сингапур со Северна Кореја и релативната близина со таа земја влијаеше малата држава во југоисточна Азија да биде избрана за место за историскиот самит на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, наведуваат аналитичарите.
– Градот Сингапур е прекрасна локација за самит. Ким ќе биде на пријателска, а не на непријателска територија, а од друга страна нема да биде на домашен терен, изјави експертот за нуклеарни прашања на лондонскиот Кралски институт за одбрана и безбедност, Том Плант.
Сингапур најверојатно е избран и поради тоа што му е поблиску на Ким од кој било европски град.
Одлучувачки фактор во изборот на место за самитот Трамп – Ким беше искуството на сингапурските безбедносни сили, но и фактот што Пјонгјанг има дипломатски односи со Сингапур од 1975 година.
Еднопартискиот систем откако Сингапур стекна независност 1965 година обезбеди стабилност и ја зајакна државната безбедност, која е меѓу најефикасните во светот. Помеѓу две земји со претежно муслиманско население – Малезија и Индонезија и симпатизери на Исламска држава, Сингапур ефикасно ги контролира терористичките закани.
Од друга страна, Сингапур е погоден терен и за САД, како голем трговски партнер на земајата и втор по големина азиски инвеститор, но и долгогодишен поддржувач на американското воено присуство во азиско-пацифичкиот регион.
Сингапур е и регионално седиште на голем број американски компании, меѓу кои и Гугл, Фејсбук и Аирбнб.
САД и Сингапур воспоставија дипломатски односи во 1966 година.
Сингапур е оддалечен околу 4.800 километри од Северна Кореја.
– Сингапур не е толку далеку како што тоа се европските држави, што овозможува Ким Џонг-ун директно да слета со приватниот авион, додека Трамп ќе лета подолго од Ким, изјави Нах Лианф Руанг, истражувачот на Институтот за одбранебени и стратешки студии.
Поранешниот амбасадор на САД во Сингапур, Дејвид Аделман изјави дека градот е идеален за самит бидејќи е „чесен посредник“ меѓу Истокот и Западот. Сингапур во 2015 година беше домаќин на самитот меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и тогашниот тајвански претседател Ма Јинг-џае.
Министерството за надворешни работи на Сингапур соопшти дека “е задоволство да биде домаќин на средбата”, при што сингапурскиот премиер Ли Хсин Лоонг, во еден пост на социјалните медиуми го нарече самитот “значаен чекор на патот кон мирот“.
Најавата дојде еден ден откако Северна Кореја ослободи тројца Американци затвореници, за време на посеата на Помпео на Пјонгјанг. Покрај ова, Помпео ги финализираше и деталите за претстојната средба меѓу Трамп и Ким.
Овој чин за Трамп претставува уште една причина за оптимизам во однос на очекувањата од самитот.
-Ова е почеток на нова основа – навистина мислам дека имаме многу добри шанси да направиме нешто многу значајно. Многу добри работи се случија. Навистина мислам дека Ким сака да направи нешто и да ја доведе земјата во реалниот свет. Никогаш не сме воспоставиле таква врска. Навистина мислам дека е постигнат голем напредок, рече Трамп, на пречекот на поранешните затвореници во базата Ендрус вчера.





