Обновување на манатирот на Трескавец, конечно на дневен ред на денешната седница на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА.
Три дена од МПЦ нема никаква информација зошто манастирот бил оставен под старателство на само еден искушеник.
Калистрат, заедно со еден гостин Французин, на денот на пожарот дадоа се од себе за да ја спречат огнената стихија, која до темел ги пеплоса манастирските конаци.
Конаците на манастирот изгореа во понеделникот во пожар, кој според првичните неофицијални информации од истрагата, бил предизвикан од застарена електрична инсталација или од ќумбето кое било поврзано со оџаците во собата до камбанаријата.