Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синодот на БПЦ утре ќе се изјасни за барањето од МПЦ – ОА

0
By Нова ТВ on November 26, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Синодот на БПЦ утре ќе го одржи своето прво редовно зимско заседание на кое се очекува да биде разгледано писмото на МПЦ – ОА од 9 ноември која побара признавање на автокефалноста, а за возврат БПЦ да биде нејзина црква мајка.

Академици, историчари, јавни личности од Бугарија покренаа иницијатива со која бараат бугарскиот Синод да го прифати барањето на МПЦ.

Јавно ги поканија сите граѓани кои сакаат да дадат поддршка утре  да се соберат пред зградата на Синодот во Софија со што ќе побараат да се донесе најмудрото решение за писмото.

– Желбата ни е  да поддржиме најмирен и најдобар начин за нашите архиепии. Сметаме дека желбата на МПЦ е исклучително важен историски акт кој треба да го добие и најлогичниот крај. Лично не очекувам утре да имаме сензационална реакција БПЦ веднаш да одлучат да биде црква мајка на МПЦ. Утре очекувам св синод да објави дека е примено писмото и дека шќе почне процедура за одлучување. Бидејќи е исклучително  важно, тоа писмо може да биде без последици, де факто да се одлучи со молчење. Сепак треба синод да каже дека ќе даде дозвола  и дај боже во скоро време да има резултат, вели Горан Благоев, новинар и потписник на иницијативата.

Меѓу потписниците се и Стефан Воденичаров, претседател на Бугарската академија на науките,  јавни личности, главни уредници на неколку медиуми во Бугарија,  голем број потомци на истакнати македонски дејци како  Михаил Развигоров – внук на војводата Мише Развигоров, Елисавета Шапкарева, правнука на Кузман Шапкарев, Христо Матов – внук на револуционерот Христо Матов.

Тие се надеваат дека во натамошното заседавање,  БПЦ ќе прифати да биде продолжена рака на МПЦ  која прва ќе ја прифати афтокефалноста.

Бугарскиот патријарх Неофит на средбата со бугарскиот претседател Румен Радев пред неколку дена уверувал во добрата волја на Бугарската патријаршија да се бараат патишта за успешно решавање на ова прашање.

Митрополитот Повардарски Агатангел е единствениот член од Светиот Синод кој не се согласува со писмото што Синодот на МПЦ-ОА го испрати до Бугарската православна црква. Тој го оценува барањето на Синодот на МПЦ-ОА до БПЦ како брзоплето и наивно и оти ќе доведе до национално понижување.Неофицијално во црковните кугови се сборува и за уште едно несогласување со оваа одлука но засега останува неофицијално и непотврдено.

автокефалност мајка црква МПЦ писмо Синод БПЦ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.