Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синоќа тројца полицајци повредени, пет демонстранти приведени

0
By Соња Крамарска on July 7, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тројца полициски службеници се повредени, а пет лица се приведени за време на вчерашниот јавен собир на подрачјето на СВР Скопје, кој се одржа во периодот од 19.00 часот пред Владата на Република Северна Македонија, продолжи пред Министерството за надворешни работи и заврши пред Собранието на Република Северна Македонија околу 22.30 часот. Двајца од полициските службеници се здобија со повреди при инцидент во близина на споменикот Скендербег, каде со брза реакција на полицијата беше избегнат поголем инцидент, при што веднаш беше приведен Е.Ј.(40) од Скопје, осомничен за пукање од пиштол. Пиштолот е обезбеден, за случајот е известен Јавен обвинител и по негово документирање против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Уште три лица се лишени од слобода поради фрлање со тврди предмети кон полициски службеници. Еден полициски службеник беше повреден со тврди предмети пред Собранието на РСМ и е задржан на болничко лекување. Уште едно лице е приведено пред угостителски објект на подрачјето на Центар, поради снимање со дрон без дозвола.

За време на собирот пред Собранието регистриран е и настан во кој учесници во протестот се обидувале да отстранат група на маскирани лица, кои предизвикувале инциденти.

Во текот на вчерашното деноноќие лишено е од слобода и лицето кое на 05.07.2022 фрли молотов коктел кон зградата на Собранието. Станува збор за Ј.С.(18) од Скопје, кој беше идентификуван од снимката и го призна делото. По документирање на случајот и против него ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска по проследувањето на делот од физичките проверки во процесот на селекција на пријавените лица за полициски службеници по последниот објавен јавен оглас во изјава за медиумите апелираше протестите да бидат мирни и потврди дека на вчерашниот настан имало доволен број на полициски службеници.

-Полицијата го спречи инцидентот, и тоа поголем број на полициски службеници. Погледнете ги видеата кои беа објавени од медиумите и од нас. Еве само една слика ќе ви покажам, зар ова не е некој што интервенира на лице место? Не треба да дојде до ова секако, и за да не дојде до ова секој еден граѓанин треба да знае дека мирни протести мора да бидат. На никого не му е дозволено да вади огнено оружје, немојте да оправдувате вадење на огнено оружје, можеше да дојде до поголеми последици, рече Спасовски.

Спасовски апелираше и до граѓаните и до политичките субјекти и сите кои учествуваат на протестите да бидат на мирни протести.

-Вандализмот и насилството нема да даде резултати во никој случај, рече Спасовски.

Спасовски потенцираше дека имало доволно полициски службеници кои не дозволиле да дојде инцидент од поголеми размери.

Министерот изјави и дека е уапсено лицето што фрли молотов коктел на Собранието, и дека детали ќе се објават откога ќе се извршат потребните разговори. (Р.Н.)

МВР Оливер Спасовски повредени приведени протести против францускиот предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.