Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Синот на Катица Јанева: Мајка ми има многу информации и еден ден ќе ги каже, иако трпеше притисоци од сите

0
By НОВА ТВ Terziova on May 12, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Синот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, адвокатот Лазар Јанев откри детали од процесот во случајот „Рекет“ во кој беше осудена Јанева.

Во интервју за „А1он“ тој оцени дека пресудата била донесена без докази, како и дека како шефица на СЈО, неговата мајка трпела силни притисоци „од сите“.

„Има што да каже, премногу собира за овој период, сметам дека има толку многу информации што едноставно може да експлодира од нив. Ми има кажано само дел. Има време, млада е уште, и да остане пресудата како што е, ќе дојде ден кога таа ќе каже што ѝ лежи на срце“, вели Лазар Јанев.

Тој раскажа за претресите во нивниот дом, следењето на нивните телефони, а се осврнува и на прашања поврзани со работата на Катица Јанева во сега згаснатото Специјално јавно обвинителство (СЈО).

„Кај нас не дојдоа да ја бараат гарнитурата ниту, пак, милиони, туку друго. Кај нас се бараа прислушкувани разговори. Првата наредба за претрес јас ја прочитав и пишуваше УСБ стикови, хард дискови. Имаше мала фонтана во дворот каде живееше мајка ми и во фонтаната се бараше. Се бараа и во пералната, секаде се бараа. Истата работа се случи и по 40 дена. Дојдоа, бараа прислушкувани разговори и еден од истражителите пред мене се јави и претпоставувам дека разговараше со Вилма Русковска кога кажа ‘Ја најдовме тука е’, мислеше на гарнитурата која беше ишарана од нашата внука. Ние ни на крај памет не помислвме на таква работа“, вели Јанев.

За случајот „Рекет“, адвокатот Лазар Јанев ги спори снимките, односно фактот што не се знае кога се направени и на каков начин. Според него, има низа недоречености и повреди поради кои пресудата не може и не треба да опстои.

Катица Јанева Лазар Јанев Македонија СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.