Еден Сириец цела година е заробен на аеродромот во Истанбул, бидејќи кога ја напуштил својата земја земја немал никакви документи и успеал да набави само фалсификувани. Сега бара да го депортираат назад.
-Таму барем ќе умрам и се ќе заврши. Овде умирам полека секој ден, вели тој.
Голготата на Фади Масур започнала во август 2012.година. Војната во Сирија веќе била започната, а ова момче за да се спаси од мобилизација побегнал во Либан. Но веднаш по доаѓањетобил киднапиран од банда која барала откуп за негово ослободување. Две години подоцна тој се појавил во Турција, со намера да замине во Малезија и таму да започне нов живот, но соништата му се урнале кога граничната полиција во Турција го фатила со фалсификувани документи.
Од тој момент за него почнува вистински пекол. Цела година не видел природна светлина, спие во собата за проблематични патници каде никогаш не е мрак. За време на престојот тука, бил нападнат и од проблематичен патник, па турските власти одлучиле да го вратат во Либан, но властите во Бејрут му забраниле влез, така што повторно е вратен во Истанбул.
Во првите неколку месеци од престојот на аеродромот се плашел од депортација, но сега вели дека веќе не ми е грижа за ништо. Напротив, се радува на враќањето дома. Преку Твитер ги моли турските власти да го пуштат со порака „една година е сосема доволно тука“. Во целата приказна се вмеша АМнести Интернешенал која бара итно ослободување на ова момче.




