Граѓанската војна во Сирија, ситуацијата со Палестина и нуклеарните договори со Иран се дел од агендата на разговор помеѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и Доналд Трамп кој се очeкува да се одвива денес по пат на телефонска комуникација.
Нетанјаху вели, за неговата земја и понатаму сериозна закана претставува нуклеарната програма на Иран.
– Најголемата цел на Израел останува да се стопира иранската закана и лошиот нуклеарен договор потпишан со Иран, изјави Нетанјаху непосредно пред да се случи разговорот.
Тој подолго време опонира на нуклеарниот договор потпишан помеѓу Иран и САД, Велика Британија, Франција, Кина, Русија и Германија.
Според договорот Иран мора да ги намали залихите од ураниум на речиси 98 отсто, да ги намали истражувањата и да ги зацврсти инспекциите на увоз/извоз на гориво. За исполнување на договореното ќе и бидат укинати санкциите на земјата воведени од големите сили.
Претседателот Доналд Трамп постојано за време на својата кампања тврдеше дека станува збор за лош договор кој треба одново да се преговара.




