Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сирија: Прв прекин на огнот од почетокот на конфликтот во 2011 година

0
By Нова ТВ on February 28, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 28, 2016 12:10

Во Сирија е прогласен прекин на огнот на барање и договор на Русија и САД и според западните извори досега билансот е позитивен. Биле сигнализирани неколку инциденти но, според Обединетите Нации, тие биле брзо надминати. Сепак, ОН тврдат дека треба да се почека барем уште еден ден за да се извлече вистински биланс од овој прв прекин на огнот.

Работната група се состана во Женева во петокот на неколку часа пред стапувањето на сила на прекинот на огнот кој е прифатен од сите страни во конфликтот освен од страна на џихадистичките групи како терориситичката организација Исламска држава и Фронтот Ал-Носра кој е сириската бранша на Ал-Каида.

Центри за контрола почнаа да работат во Вашингтон, Москва, Сирија, Јордан и Женева преку кои се следи прекинот на непријателствата. Доколку прекинот не се почитува, се ставаат во погон центри за аларм како што договорија Москва и Вашингтон а во групата се и повеќе земји од меѓународната група за поддршка на Сирија. Според ОН, воениот одговор, ако до него дојде, мора да биде последен и пропорционален.

Примирјето треба да фаворизира политичко решение на конфликтот преку соработка на повеќе регионални и меѓународни сили кои им даваат поддршка на ривалите во конфликтот.

Доколку прекинот на оган биде почитуван, тогаш ќе продолжи хуманитарната помош а ОН ќе свикаат повторно мировни преговори во Женева во март.

Претходната мировна конференција беше прекината поради тоа што сириската опозиција бараше испраќање на хуманитарна помош пред да почнат мировните преговори.

Досега оружјето во Сирија молчи и ова е вистинска преседан од самиот почеток на конфликтот во 2011 година.

Договорот за прекин на огнот почна во петокот на полноќ по локално време а инцијатори со Русија и САД, два големи актери во конфликтот. Нивната иницијатива доби зелено светло од ОН која донесе едногласна резолуција за поддршка на прекинот на оган.

Овој договор се однесува на борбените зони каде се водат борби помеѓу силите на режимот кои ја имаат руската поддршка и сиријските бунтовници со исклучок на џихадистичките групи Исламска држава и Фронт ал-Носра кои контролираат 50 отсто од територијата.

Конфликтот влегува во својата шеста година и досега во него загинаа 270.000 луѓе а тој ја разурна земјата и натера половина од сириското население да тргне на патот на егзилот со што се дестабилизираати Блискиот Исток и Европа поради бројот на бегалците.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.