Published: Tuesday, September 13, 2016 09:51
Државните медиуми на Сирија утрово соопштија дека воените служби собориле израелски борбен авион. Министерството за одбрана на Башар Ал-Асад соопштило дека авионот е соборен близу Кунитра, град кој главно е напуштен.
Сепак овие тврдења Израел ги негира. Оттаму велат, Сиријците собориле неидентификуван дрон, и дека ниеден од нивните авиони не во опасност.
Кунитра се простира на регионот на Голанските брда каде Сирија и Израел војувале во минатото.
Ова е петти инцидент од минатата недела кога се засилија немирите во појасот помеѓу овие земји, и прв прекршок по постигнатиот договор за примирје во Сирија помеѓу САД и Русија.




