Published: Saturday, November 14, 2015 18:35
Според информациите на францускиот весник Л Монд, се чини дека се потврдува тезата дека француската полиција нашла сириски пасош до телото на еден од терористите во Париз.
Документот му припаѓал на мигрант кој бил регистриран на еден грчки остров во октомври. Но, полицијата се уште не може да потврди дека овој пасош му припаѓа токму на човекот до кој била најдена патната исправа.
Грчкиот министер Никос Тоскас потврди дека пасошот бил регистриран на Лезбос на 3 октомври како што тоа го налагаат европските правила.




