Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сириза ја обвини грчката Влада дека води тајна надворешна политика

0
By Нова ТВ on January 15, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 15, 2014 09:08

Најголемата опозициска партија во Грција, Сириза ја обвини грчката Влада дека води тајна надворешна политика, истакнувајќи дека партиите треба подетално да се информирани за состаноци како што е утрешниот во Вашингтон, на кој ќе се разговара и за името на Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Ввенизелос утре во Вашингтон ќе се сретне со американскиот државен секретар Џон Кери, со кого ќе разговара за повеќе билатерални прашања, приоритетите на грчкото претседателство со ЕУ, кипарското прашање и спорот за името на нашата земја.

Во тој контекст, Рена Дуру од Сириза, која е одговорна за надворешна политика, побара итен состанок на Националниот совет за надворешна политика, потсетувајќи дека последниот состанок е одржан пред два месеци и оти партиите требало да дискутираат пред средбата на Венизелос со Кери.

Таа истакна дека во исто време главните настани во надворешната политика, но исто така и во поширокото соседство, се згуснуваат и додаде дека поради претседателството со ЕУ, грчката Влада води тајна надворешна политика и избегнува да им дава дури и основни информации на партиите за критични прашања, кои можат да го одредат идниот развој на настаните. Дуру нагласи дека Владата ќе сноси целосна одговорност за ваквата политика, за одлуките што ги носи и за последиците од нив.

По изјавата на Дуру, дојде експресна реакција од ПАСОК во која партијата ја повика пратеничката наместо да изразува загриженост за вештачката надворешната политика, да му каже на лидерот на Сириза, Ципрас дека надворешната политика подразбира консензус и сериозност.

– Кога Ципрас одлучи да не присуствува на церемонијата по повод преземањето на претседателството со ЕУ од страна на Грција, со што ја поткопа националната политика, за каква тогаш одговорност зборуваме?“, се истакнува во соопштението на ПАСОК.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.