Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сиромаштијата ги изгоре луѓето

0
By Нова ТВ on January 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 30, 2018 13:39

Од полна куќа луѓе, сега останаа само изгорените греди од покривот и делови од изгорена куќа, а во неа спомени од животот на луѓето кои живееле во тетовското маало Два Бреста. Местото каде изгореа мајка со нејзините четири деца во четвртокот 24 јануари. Играчки стопени од огнот, остатоци од мебел растурени низ дворот на куќата. Откако се случи пожарот, веќе не доаѓа никој, тажно објаснуваат соседите.

– А кој да дојде? Старите – таткото и мајката на Муса, човекот кој го изгуби целото семејство, остана без ништо во животот. И без луѓе и без куќа, раскажуваат соседите.

Муса Зулбеари бил единствениот што работел во семејството. Тој таа ноќ не бил дома, работел трета смена. Веста за трагедијата ја дознал од полицијата. Чувар, што не земал повеќе плата од 200 евра.

Во маалото важи за добар човек и домаќин. По цел ден работел, за да заработи за храна. Осумчленото семејство било на неговите плеќи. Оние со кои разговаравме ни раскажаа дека зимите им биле најтешки, немале пари за дрва па се грееле со што стигнат. Како причина за пожарот беше наведена печката и старата електрична инсталација на куќата. Куќата е изградена во 1967 година, наследена од генерации. Триесетиосум годишниот Муса немал пари да промени ништо во домот.

– Тежок живот, немаштија, раскажуваат соседите.  Домот на Зулбеари не бил осигурен.

Тој остана и без куќа и без семејство. По оваа трагедија во црниот биланс на вести влезе уште eдна мајка и син кои загинаа во пожар во Битола. Од стара инсталација, се запалила куќата. Од смрт успеал да се спаси само сопругот и татко. Сиромашно семејство, едвај го поминувале месецот.

Од осигурителните компании велат дека ретко кој од посиромашните граѓани плаќаат за осигурување во случај на незгоди во домот.

-Ниските примања, а долг е список на трошоци, не им дозволува на граѓаните да си го осигурат имотот велат од агенцијата која ги контактираше. Најчесто оние кои ќе преживеат, живеат со судбината да се сами и најчесто на улица, објаснуваат од агенцијата за НОВА.

Според ценовникот, осигурување на стан чини:

30 м2 чини 825 денари

45 м2 чини 1237 денари

50 м2 чини 1375 денари

60 м2 чини 1650 денари

75 м2 чини 2062 денари

100 м2 чини 2750 денари.

-Луѓето немаат навика, мислат дека нема да им се случи тоа. А оние што одвај преживуваат за леб, верувајте дека не им дошло до осигурување на домот, велат од агенциите за осигурување.

Како да се заштитат луѓето од пожари?

Совет даде пожарникар во пензија, кој сакаше да остане анонимен. Вели,  советите ќе бидат поважни од неговиот идентитет. Човекот, во своите средни години, видел многу трагедии, пред неговите очи умирале семејства, од спечалени куќи останувале само саѓи. Од неговото искуство најтешки се старите куќи, таму гори веднаш, во минута.

-Сепак вината ја гледам во општините. Тие треба да знаат кој како живее, да отидат кај посиромашните граѓани, објаснува нашиот соговорник.

Луѓето се запалуваат од дотраени инсталации, се греат со предмети што предизвикуваат пожари. Не ги чистат оџаците, бидејќи немаат пари. Tука треба да се ангажираат општините, а не отпосле, со донации кога луѓето изгубиле луѓе и се што спечалиле, раскажува нашиот соговорник.

Неофицијално од почетокот на годината, имало 100 пожари, тука се објекти и опожарени возила. Според податоците на МВР во 2017 година имало 1447 пожар, од кои во последниот квартал имало 208.

 

 

пожар штети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026
shortcut
ФОКУС
July 23, 2026

Филипче: Гостивар, Валандово, сега загадена вода и во болницата во Лешок

ВЕСТИ July 23, 2026

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес – конференција предупреди дека случајот со…

Техеран ја предупредува Бугарија: Не им дозволувајте на САД да ја користат вашата територија за напади врз Иран

July 21, 2026

Метео: Врел воздух од Сахара се движи кон Европа – температури и до 47 степени

July 21, 2026

Официјално: Гостиварчани пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

July 21, 2026
ТИКЕР

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.