Претседателот на САД Доналд Трамп денеска ќе присуствува на првиот самит на НАТО откако е на функцијата и заедно со останатите 27 претставници на земјите членки на воената алијанса ќе биде на церемонијата на отворањето на ново седиште во Брисел.
Настаните предизвикуваат големо внимание, имајќи ги предвид неговите постојани критики на сметка на НАТО во текот на претседателската кампања.
Нарекувајќи ја Алијансата “застарена”, Трамп истакнуваше дека нејзините членови не плаќаат подеднаков удел и алудираше на преиспитување на американските заложби за одбрана на сојузниците, што е еден од главните принципи на Алијансата.
Лидерите на НАТО и земјите-членки со нетрпение ги очекуваат забелешките на Трамп, барајќи потврда за посветеноста на САД кон воената алијанса.
Коментарите на Трамп за време на кампањата со кои ја доведуваше во прашање релевантноста на НАТО предизвикаа нервоза кај земјите членики, особено оние кои се на границита со Русија и кои сметаат на американската поддршка.
Но, Трамп веќе отстапи од едно од неговите тврдења, дека НАТО е „застарен сојуз“, и на прес конференцијата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Белата куќа минатиот месец изјави дека Алијансата “е бастион на меѓународниот мир и безбедност “.
-Реков дека е застарена. Но, таа веќе не застарена, рече Трамп.
Но, како што Русија продолжува со агресивното наметнување на влијанието во Источна Европа, многу членки на НАТО, исто така, се во очекување Трамп да ја реафирмира американската посветеност на ударната игла на Алијансата: Членот 5.
Според Член 5, членките на НАТО се обврзуваат на помош која било земја членка којашто е нападнат, бидејќи според него, нападот врз една од 28-те членки се смета за напад врз сите. Алијансата досега има само еднаш се повика на Член 5, која еден ден по терористичките напади од 11 септември 2001 година во САД, НАТО се вклучи во воената интервенција во Авганистан.
Трамп предизвика шок кај членките на НАТО минатото лето, кога посочи дека дека САД би можеле да ги бранат само оние членови кои ги исполнуваат нивните финансиски обврски,
На брифингот за новинарите во средата, државниот секретар Рекс Тилерсон рече дека се разбира дека САД го поддржуваат Членот 5, но одби да каже дали Трамп ќе ја потврди приврзаноста на САД на заедничката одбрана во својот говор во НАТО.




