Published: Tuesday, November 24, 2015 21:36
Група вооружени мажи земале заложници во северниот француски град Рубе во близина на границата со Белгија, јавува Би-Би-Cи.
Полициската операција е во тек и градот е под кордон.
Локалните медиуми објавија дека инцидентот се случил околу 19:00 по локално време.
Инцидентот не изгледа дека е поврзан со тековната безбедносна ситуација во Франција по 13 ноемвриските напади во Париз.
Извештаи велат дека биле испукани истрели. Вооружените лица може да планират грабеж, се наведува во извештаите.




