Вработен во хуманитарната организација „Лекари без граници“ ја опиша ситуација синоќа во Мариупол.
Гранатирањето синоќа беше сè поблиску. Синоќа собиравме снег и дождовница за да имаме вода. Се обидовме да стигнеме до вода што ја делат властите, но редот беше преголем, напиша тој на социјалните мрежи, пренесува „Би-Би-Си“.
„Многу трговски објекти се уништени во гранатирањето, а се што остана во нив го однесоа луѓето кои се очајни. И натаму нема вода, струја, греење и сигнал за мобилни телефони. Аптеките се без лекови“, се додава во неговата објава.
Евакуацијата на граѓани што беше договорена меѓу Русија и Украина пропадна, па наместо десетина илјади лица, спас најдоа само околу 400.
Украинците ги обвинија Русите дека го гранатирале конвојот, а Русите одговорија дека за прекинот на привременото затишје е одговорна украинската страна.




