Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: „Сивите домови“ ќе станат топли

0
By Нова ТВ on February 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 24, 2018 14:32
 Последните случаи на злоупотреба на малолетни деца покажаа дека институциите за згрижување на децата, како и целиот систем за социјална заштита е тенденциозно разрушуван и дека треба од корен да се промени, вели министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во интервју за весникот „Слободен печат“.
Таа  најавува сосема нов систем што ќе значи вадење на децата од институциите и нивно згрижување во мали семејни заедници.

Тоа според Царовска значи, прво целосно нов Закон за социјална заштита, со кој ќе се зголемат социјалните трансфери, но на начин што најдобро ќе бидат згрижени најсиромашните. Потоа би следувала новa реорганизиција на центрите за социјална заштита и нов Закон за работни односи.

 За конкретниот случај со силуваната малолетна штитеничка на Домот 25 мај, додека била под старателство на државата, Царовска вели дека одговорноста е на повече институции, а тоа што директрот поднесе оставка, не го амнестира од одговорноста.

– Засега се истражуваат три случаи, девојчето Р.И. и две сестри што од домот „25 Мај“ си заминале во 2015 година. Само наивните може да кажат дека не знаеле дека ова се случува. Системот вака функционирал со години и ги дава овие ефекти, тоа не е ниту е ново ниту е незнајно. Но за одговор на овој тип насилство и негрижа за децата не е виновна само една институција, туку мора сите да се повикаат на одговорност. Директорот на домот „25 Мај“ си поднесе оставка, но тоа секако не го амнестира од одговорност. Инспекцискиот наод покажа кој, каде и како потфрлил и ќе има прекршочни и кривични пријави, вели Царовска.

Во интервјуто за „Слободен печат“ таа одговорноста ја лоцира на повеќе нивоа, од кои првото е на ниво на старател-родител, а старател е стручното лице во Центарот за социјални работи.

-Кога детето ќе му каже на старателот дека нешто се случило, ако тој не пријави, има кривична одговорност. Во овие случаи се утврди дека има моменти кога се пријавило дека има проблем, а детето било вратено кај родителот за тој да ја води постапката иако со судска одлука му е одземено родителското право, тука е најголемото прекршување. Потфрлањето на вработените во центрите за социјални работи не ги амнестира и другите институции во своите редови да ги испитаат работите, зошто се чекало толку време да се поднесе пријава до ОЈО и зошто ОЈО не покренало ништо, вели министерката за труд.

Институциите за згрижување на децата од кадровски аспект според неа, се донесени на минимум капацитет, а и кадарот што го има, не е доволно посветен на работата со децата, што може да се види и од досиејата на децата.

-Во март треба да донесеме Стратегија за деинституционализација, во која ќе вклучиме трансформација на „Ранка Милановиќ“ и на „25 Мај“, но и на другите домови за згрижување, како оној во Демир Капија и Бања Банско. Извлекувањето на децата од ова колективно живеење и сместувањето во мали групни домови дава можност да се работи еден на еден со тие деца, да имаа поддршка надвор 24 часа и да имаат модел на родител, што големите институции ниту го нуделе ниту го нудат, вели таа.

Проценката е дека на половина од годината се очекува првите деца да излезат од институциите, не само од „25 Мај“ туку и од другите во Демир Капија, Бања Банско, затоа што, според неа, секаде се прекршуваат човековите права.

-Мал групен дом е станбена единица, во која живеат пет деца со социјален ризик со поддршка на стручни лица, воспитувач, негувател, психолог, дефектолог, и се во постојана комуникација со централната самоуправа, училиштата, со центрите за социјална работа. Во однос на средствата за реализација на деинституционализација, во Буџетот за првпат имаме целосна линија за оваа намена во висина од 25.173.000 денари, но не сме сами во приказната, тука имаме поддршка од УНИЦЕФ и од УНДП и Техничка помош од ЕУ. Сето ова е комплексно, бара покренување цела машинерија за да почне да функционира, но земјите што го постигнале, дале многу поголем квалитет на социјална заштина, вели Царовска.

Домови злоставувано девојче рефора Царовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.