Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО бара трето продолжување на куќниот притвор за Талески

1
By Нова ТВ on September 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 19, 2016 13:03

sjo-izvestaj

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во петокот доставило барање до Кривичниот суд за трето продолжение на куќниот притвор за битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Од СЈО за НОВА велат дека уште чекаат Судот да се изјасни за нивното барање.

Ова е трет пат како Обвинителството бара да се определи куќен притвор за битолскиот градоначалник. Талески е во притвор од 16 јуни, а мерката по барање на СЈО беше повторно изречена на 21 јули.

Битолскиот градоначалник и уште 22 лица  се осомничени дека го злоупотребиле Буџетот на Република Македонија за 360 илјади евра поради незаконско организирање на училишниот транспорт, со што според СЈО, Битола го плаќала најскапиот превоз во светот. СЈО бараше притвор, но Судот му додели куќен притвор.

По јавната седница на Апелација на 18 август, Талески за меидуми изјави дека се чувствува супериорно, бидејќи, како што рече – вистината е на негова страна.

-Апсолутно се чувствуваме супериорни затоа што вистината е на наша страна и јас сум убеден дека овие луѓе во Апелација ќе ја согледаат вистината и ќе донесат исправна мерка, така што ценам дека сето ова почнува да добива еден расплет. Јас сум убеден дека за кратко граѓаните ќе видат дека целата ситуација е наместена и ќе повторам, не може од еден телефонски разговор, кој што го водат некои двајца луѓе за некој трет, третиот да биде обвинет за некој прекршок. Јас сум сигурен дека сето ова брзо ќе се расчисти, но да оставиме времето да покаже, рече Талески.

Тој призна дека иако е во притвор, од дома раководи со општината, бидејќи, како што вели освен притворот нема никаква друга забрана.

Случајот со превозот на учениците, беше споменат и во 19. „бомба“ на опозицијата, во која министерот за финансии Зоран Ставрески во разговор со екс-министерката за внатрешни Гордана Јанкулоска, споменува дека битолскиот градоначалник за превоз на учениците склучил договор „коруптивен до даска“ со цени десет пати повисоки од предвиденото.

 

општина битола СЈО Талески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.