Специјалното јавно обвинителство попладнево поднело 5 жалби до Апелацискиот суд за одлуките кои ги донесоа Кривичните совети на Кривичниот суд со кои се одбиени мерки за претпазливост за обвинетите во случаите на СЈО.
Од тимот на Јанева се жалат на одлуките на Кривичниот суд за неопределување мерка притвор за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, за началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, за шефот на кабинетот на министерката Гордана Јанкуловска, Тони Јакимовски, како и за лицата Н.Б. и Н.Н.
Апелациониот суд има рок од 48 часа да одлучи за приговорите за притвор и тоа може да ги укине решенијата, да ги преиначи или да ги врати на повторно одлучување.
Досега СЈО поднело вкупно 25 жалби за одлуките на Кривичните совети од Кривичниот суд.
Жалба најави и Љупчо Шврговски, адвокатот на Мијалков, кому му е одземен пасошот и му е одредена мерка претпазливост, еднаш неделно да се јавува во суд.