Специјалното јавно обвинителство на четврти ноември го побарал случајот „Сопот“, информираат од СЈО.
На ден 04.11.2016 година од наша страна до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесено е барање за доставување на предметот познат во јавноста како „Сопот“. Предметот е побаран со цел да одлучиме дали овој предмет спаѓа во надлежноста на Специјалниот јавен обвинител, имајќи предвид јавно објавен разговор од незаконски следените комуникации“, пишува во соопштението на СЈО.
Случајот „Сопот“ е за поставената мина на патот Сушево-Сопот од која на 4 март 2003 година загинаа двајца полски војници на НАТО и еден цивил.
Лидерот на опозицијата Зоран Заев во бомбите објави еден разговор од прислушуваните разговори токму за овој случај.
Од разговорот меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и ексшефот на УБК, Сашо Мијалков се дознава дека за невини граѓани лежеле по десетина години затвор за овој случај.