Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО: Иванов помилувал лица кои не биле ниту сведоци, ниту осомничени

0
By Нова ТВ on June 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Иванов со одлуката за колективна аболиција на 56 лица опфатил и луѓе кои немаат никакво својство во Специјалното обвинителство, соопшти на денешната прес-конференција обвинителката и портпаролка на СЈО Ленче Ристовска.

СЈО очекува сите аболиции да бидат повлечени, а се уште се чека одговор и за тоа од каде Иванов имал информации дека токму тие лица се осомничени за нешто, за да ги аболицира.

-На претседателот му тече рокот во делот на аболициите кои се веќе поништени. Правдата не смее да има селективен пристап. Ние се уште го очекуваме одговорот од претседателот во смисла на тоа од каде Иванов има информации за осомничени лица во наши тајни предистражни постапки… Веруваме дека претседателот ќе ги отповика и другите одлуки за аболиција. За поништените аболиции постапки продолжуваат во другите делови ќе видиме како ќе се одвива по завршување на рокот, рече Ристовска.

Од друга страна, од кабинетот на Претседателот нема одговор ниту на новинарските прашања за тоа од каде се информациите и по кој основ Иванов ги аболицирал токму тие 56 лица. Минатата недела шефот на државата одлучи аболицијата делумно да ја повлече и тоа за вкупно 22 лица. Како што рече Иванов, цврсто е убеден дека аболицијата која ја донел на 12. април и понатаму смета дека е клучна за решавање на кризата и тоа го направил во интерес на државата и на граѓаните.

-Не сакам веќе никој да има сомнеж. Ниту еден политичар не е над законот, ниту еден политичар не е недопирлив, напротив, секој ќе одговара за своите постапки, изјави Иванов повикувајќи ги сите други кои не се помилувани согласно измените во Законот да поднесат лични барања за поништување на одлуката за нивно помилување.

СЈО денеска соопшти и дека дел од аболираните кои се осомничени во случаите побарале запирање на постапките, но оттаму велат дека истрагите ќе продолжат.

И понатаму аболирани од Иванов остануваат 5 лица осомничени за случајот „Титаник“, тројца за „Тврдина“, шест луѓе осомничени во „Тортура“, и по двајца за предметите „ТНТ“ и „Пуч“. Овие лица СЈО не може да бара кривично да се гонат.

Специјалното јавно обвинителство во моментов води 7 истражни постапки за 60 лица. Дел од нив се фокусирани на финансиски истраги за кои треба определен временски период за да може да се извлечат заклучоци. Целта како што рече Ристовска е да се покаже дека криминалот не се исплати и оние кои го прекршиле законот нема да одговараат само кривично, туку ќе има и материјална казна, односно ќе им биде одземена материјалната корист.

Ристовска потенцира дека СЈО работи неселективно според Уставот и законите, така што сите осомничени се еднакви пред законот.

аболиција Иванов СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.