Истражители од Специјалното јавно обвинителство вчера биле во Акционерското друштво „Македонска пошта“ каде што вршеле увид во документацијата.
Според неофицијалните информации се работи за предистражна постапка која е поврзана со индиции за незаконско работење на други државни институции. Од СЈО не даваат информации поврзани за овој слуачј.
Катица Јанева, вчера пред собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците нагласи дека има намера докрај да ги истражи сите индиции за криминал кои се содржани во снимките од прислушуваните разговори, но и дека ќе ги докаже обвиненијата влезени во судска процедура.
Јанева рече дека конечно е воспоставена соработка со Основното јавно обвинителство, со Обвинителството за организиран криминал и со други домашни и меѓународни институции.
На прашањето од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски зошто за судските постапки се ангажирале вештаци – поранешни функционери од СДСМ, Јанева одговори дека тие се законски избрани од листата на вештаци пријавени во Министерството за финансии.