Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО тврди дека Основен суд ја кочи истрагата за Пуч, судот демантира

0
By Нова ТВ on June 3, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 3, 2016 12:17

Основниот суд Скопје 1 се уште нема доставено копии од доказните материјали за случајот Пуч што ја отежнува истрагата, тврдат од СЈО.

Иако Специјалното обвинителство во неколку наврати побарало копии од доказите, а за несоработката поднеле жалба и до Апелационен суд, сепак до денеска тие немаат копии од доказите, ниту им се доставувала документација во бараниот рок.

-Во многу незавидна ситуација сме. Иако постојано се обидуваме како Обвинителство проактивно да постапиме, оневозможени сме од Основниот суд Скопје 1. Баравме да ни бидат доставени копии од доказите и не ни беа доставени. Предметот по жалба отиде до Апелационен суд кој јасно укажа дека Основниот суд ги повредил законските одредби кога одбил да ги предаде копиите на доказите. И покрај ваквиот факт, до ден денеска доказите не ни се доставени, изјави на денешната прес-конференција обвинителката Ленче Ристовска.

Од Основен суд Скопје 1 во писмена реакција велат дека Апелациониот суд не може да издаде наредба за дејствија на Кривичниот суд, туку само напатствија што ќе ги има во предвид понискиот суд при повторно одлучување.

Оттаму посочуваат дека решението на судечкиот совет за запирање на постапката согласно одлуката на Претседателот на Р.М. за аболиција, целиот предмет е пратен на надлежно постапување во Апеалциониот суд – Скопје од каде се уште не е добиена одлука и предметот не е вратен.

-Со оглед на фактот дека предметот за кој се интересирате, како што наведовме погоре, во моментов се наоѓа  во Апелациониот суд, откако истиот ќе биде вратен во Кривичниот суд за сите одлуки на судечкиот совет, надлежен да постапува, навреме ќе ја информираме јавноста. Сметаме дека СЈО во оваа фаза најпрво треба да преземе мерки и активности за да се произнесе дали продолжува со постапката бидејќи досега не се произнесоа, а не на ваков начин да врши притисок врз судот како истиот да постапува, се вели во соопштението на Основен суд Скопје1.

Во предметот „Пуч“ за шпионажа и насилство врз највисоки државни органи обвинети се лидерот на опозицијата Зоран Заев, контраразузнавачот Зоран Верушевски и неговата сопруга Соња Верушевска, порaнешниот вработен во тајната полиција Ѓорѓи Лазаревски, Звонко Костовски – вработен во МВР, како и Бранко Палифров вработен во општина Струмица.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев е обвинет за насилство спрема претставници на највисоките државни органи. Тој се товари дека на средби со премиерот Никола Груевски му се заканувал со докази против него. И премиерот Груевски на прес-конференција директно го обвини Заев дека со уцени и закани лидерот на СДСМ го ставил на маса барањето за техничка Влада.

Груевски тврдеше дека на четири средби одржани со Заев, претседателот на СДСМ му кажал дека има снимки набавени од странски служби и со нив го уценувал премиерот да попушти за барањето за техничка влада, соопшти премиерот уште на почетокот на 2015, но подоцна тој го отфрли првичното тврдење за странски служби.

 

Основен суд Скопје1 пуч
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.