Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО остана без обвинители-од денеска сите треба да се вратат на претходните работни места

0
By Соња Петрушевска on September 16, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со одлука на Советот на јавните обвинители мандатот на сите обвинителите на СЈО им престанува и тие од денеска се враќаат во матичните обвинителства каде што работеле пред да бидат префрлени во СЈО.

На обвинителката Лиле Стефанова, Советот на јавни обинители и го прекинал мандатот во Обвинителството за органииран криминал затоа што тој мандат истекол во мај 2008 година. Стефанова се враќа да работи во Обвинителството во Радовиш.

Обвинителите Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска, Гаврил Бубевски, Трајче Пеливанов и Артан Ајро се враќаат во ОЈО Скопје, Стеефчо Донев во Обвинителството во Кочани, Љубомир Лапе во Обвинителството во Куманово, каде ќе продолжи со работа и Бурим Рустеми, а обвинителката Елизабета Јосифовска се враќа во ОЈО Гостивар.

На новинарско прашање, дали тоа значи дека СЈО од денеска не постои, претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски кажа дека одлуката за враќање на обвинителите во матичните обвинителства  стапува на сила веднаш. Сепак, тој напомена дека законот за СЈО е уште е до важност до 2020 година и ако во меѓувреме договори в.д. обвинител, тие ќе одлучуваат по ваквиот предлог.

Колевски не ја исклучи можноста сите овие обвинители да бидат префрлени во Обвинителството за гонење организиран криминал.

-Ако до нас стигне предлог за нова систематизација на Обвинителството што ќе значи и вработување на поголем број обвинители, ние ќе објавиме јавен оглас на кој ќе можат да се пријават сите јавни обвинители, па и тие што работеле во СЈО и ќе се донесе одлука за избор, рече Колевски.

До овој момент до нив не е стигнат ваков предлог од јавното обвинителство.

Колевски рече дека тие не одлучува за предметите кои СЈО ги води и дека државниот јавен обвинтел треба да донесе одлука кои обивнители ќе продолжат да работат по нив.

Советот на јавни обвинители денеска го ставил вон сила решението со кое на Катица Јанева и мируваше позицијата во Јавното обвителство во Гевгелија. Ова значи дека Јанева не само што е разрешена од шеф нА СЈО тукУ повеќе не е ниту јавен обвинител.

На седницата на Советот на јавни обвинители не присуствуваше државниот јавен обвинител Љубомир Јовески поради судир на интереси, откако Обвинителството со кое тој раководи отвори истрага за Јанева.

Тимот на Јанева беше избран во октомври 2015 година.

Во саботата, по едногласната одлука на Собранието, Советот ја разреши специјалната јавна обвинителка која е во притвор за случајот „Рекет“.

Предметите на СЈО ги презеде Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески најави дека постапувањето по предметите на СЈО ќе продолжи, но оти се уште не е утврдено кој ќе ги застапува.

Јовески може да им ги додели предметите и на обвинителите од СЈО кои и досега ги водеа.

Од предметите за кои СЈО покрена над 20 обвиненија, само три се целосно затворени, неколку се вратени на повторно судење или се чека изјаснување на Апелациониот суд.

мандат обвинители СЈО Совет на јавни обвинители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.