Специјалното јавно обвинителство утрово изврши претреси во домовите на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, објавуваат медиумите.
НОВА ТВ побара одговор од СЈО, но оттаму не ја потврдуваат информацијата.
Се уште не се знае дали се вршат претреси за нова предистражна постапка или за некои од веќе отворените случаи на СЈО.
Инаку и двајцата се обвинети во неколку случаи.