Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скандал во Добој: Им набавил очила за заварување, наместо заштитна опрема за ковид

0
By НОВА ТВ Balaban on July 19, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 19, 2022 10:31

Општинскиот суд во Добој го осуди директорот на тамошната болница, Младен Гајиќ на десет месеци затвор, со процена дека тоа е соодветна санкција со оглед на тоа што претходно не бил казнет

Директор на болница во Босна и Херцеговина е осуден на 10 месеци затвор бидејќи за време на пандемијата на коронавирус набавил несоодветна заштитна опрема за медицинскиот персонал, купувајќи им очила за заштита од заварување, наместо наменети за контакт со заразени пациенти.

Општинскиот суд во Добој го осуди директорот на тамошната болница, Младен Гајиќ на десет месеци затвор, со процена дека тоа е соодветна санкција со оглед на тоа што претходно не бил казнет, ​​а во текот на судењето вратил нешто повеќе од 40 илјади евра за штетата што ја нанел на градскиот буџет. Тој самиот ја призна вината и е осуден за несовесно работење, а делот од обвинението во којшто се товари за корупција, е отфрлен.

Обвинението е покренато откако се покажа дека Гајиќ склучил договор за набавка на заштитна опрема за болницата, како и за домот за стари лица (патем, наречен „Патување за забава“), и покрај тоа што воопшто не била регистрирана за тргување со медицинска опрема. Станува збор за патничка агенција од Бања Лука.

Договорот вредел нешто помалку од 140 илјади конвертибилни марки или околу 70 илјади евра.

Наместо заштитни одела, во болницата биле доставени костими без декларација, а наместо професионални заштитни очила пристигнале очила за заварување. Сѐ тоа е купено по  цена под 30 илјади евра.

Уапсен е и директорот на агенцијата, Саша Марковиќ, како и директорот на Институтот за јавно здравје на Република Српска, Бранислав Жељковиќ. 

очила за заварување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.