Пет граѓани во Франција се наоѓаат во критична состојба со неизлечиви невролошки проблеми со мозокот, а еден е во клиничка смрт, откако врз нив бил тестиран нов лек на фармацевтските компании „Биотрал“ и „Биат“. Петтиот испитаник е во помалку критична состојба од лекот кој бил тестиран кај вкупно 90 луѓе.
Скандалот кој ја тресе Франција го потврди и професорот Жил Едан од неврохируршката клиника каде што се хоспитализирани пациентите. Тој нагласил дека не постои против отров за овој лек.
Во клиничкото испитување биле вклучени 90 здрави луѓе на кои спорниот лек различно им бил дозиран. МарисонТуриан од Министерството за здравје на Франција овие наводи ги потврдила на прес- конференција.
Јавен обвинител веќе отворил истрага која ја нарекол „несреќа од епски размери, без преседан“.
Шест хоспитализирани мажи на возраст од 28 и 49 години со тестирањето на лекот започнале на 7 јануари.
Претставници на „Биотрал“ и „Биат“ компаниите задолжени за производство и истрага на лекот тврдат дека испитаниците пристапиле на ова тестирање под сопствена одговорност и дека биле внимателно следени. Лекот наводно се состои од активни состојки кои може да се најдат во марихуаната, но дека канабисот не е користен при изработката на лекот.
Овој лек од компанијата „Биал“ не е на пазарот и од француското министерство за здравје порачуваат дека нема причина за паника. Полицијата ги контактирала и останатите волонтери од овој фармацевтски проект, пренесуваат француските агенции.
Претходно, шест здрави медицински волонтери се примени во болница по неуспешното тестирање на лекот, кое се извршило во една приватна клиника на западот во Франција, тврдат од француското министерство за здравје.




