Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скандал во Грција: Членка на СИРИЗА со години нелегално земала пензија од починатата мајка

0
By Нова ТВ on March 23, 2019 СВЕТ
Фото: protothema.gr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По објавата на медиумите дека пет и пол години нелегално ја земала пензијата од нејзината почината мајка за што ја чека и судски процес за долгови кон државата, кандидатката за европратеник од редовите на СИРИЗА, Мирсини Лоизу, се повлече од трката.

Според пишувањата на весниците „Филелефтерос“ и „Прото тема“, Лоизу пред две години била осудена на две години условна затворска казна од атинскиот суд затоа што во периодот од септември во 2007 година до јули во 2012 година, односно 69 месеци, бесправно ја користела пензијата на нејзината мајка која починала во 2007 година.

Паралелно, во мај годинава, кусо пред евроизборите, според грчките весници, Лоизу ја очекува и судски процес за долгови кон државата.

Сега веќе поранешната кандидатка за европратеник на СИРИЗА во писмото за нејзината оставка напиша дека некои медиуми, во обид да остават впечаток, „измешале два различни случаја“.

„И двата случаи ќе беа скандалозни доколку се обидев да скријам или да избегнам некаква обврска. Напротив, бев доследна во секој процес и секогаш сум ѝ на располагање на грчката држава, пишува Лоизу.

Во однос на пензијата на нејзината мајка вели дека не било нејзина грешка, бидејќи смртта веднаш ја пријавила во надлежните служби и додава дека причината зошто пензијата се исплаќала е поврзана со бирократски процедури.

афера Грција Сириза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.