Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скандал во Шпанија: Пике го исекол знамето од ракавот на дресот

0
By Нова ТВ on October 10, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Недостатокот на опремата беше забележан синоќа за време на мечот со Албанија што за бројните хејтери на дефанзивецот на Барселона е уште една потврда на иредентизмот во него

 

Фудбалски скандал ја тресе Шпанија. Жерар Пике (29) објави повлекување од националниот тим по Светското првенство во 2018 година. Како причина се наведуваат критиките на негова адреса од навивачите по синоќешното гостување во Албанија.

„Црвената фурија“ победи со 2:0 во меч што дефанзивецот на Барселона го одигра во дрес со кратки ракави со исечено шпанско знаме на рабовите. Неговите хејтери веднаш го забележаа моментот и го окарактеризираа како уште еден доказ за иредентизмот на Пике. Исто беше случај и со Серхио Рамос, но дел од навивачите, заслепени од омраза кон играчот на Каталонците, не забележаа ништо со стоперот на Реал Мадрид. Од фудбалскиот сојуз на Шпанија по мечот објаснија дека играчите го сториле тоа со цел „да можат што поудобно да играат“.

Пике отсекогаш важел за личност која не крие дека ја сака Каталонија. Меѓутоа и за личност што ги слави поразите на Реал Мадрид ако победите на Барселона. Ликувањето на секој неуспех на „кралскиот клуб“ и гордото истакнување на каталонсото потекло го направија омразена фигура кај централистите и хегемонистите во Шпанија. За антагонизмот кон него доволно говори и фактот што пријателскиот натпревар меѓу Шпанија и Англија беше преместен од „Сантијаго Бернабеу“ на стадионот во Аликанте поради стравување дека навредите ќе фрлат дамка на средбата.

Пике важи за ччовек што одлично ја држеше одбраната на шпанската репрезентација што во 2010 година во Јужна Африка стана светски шампион, а две години подоцна во Полска и Украина и европски првак. Иако е на крај од третата деценија на живот, сепак, објави дека се повлекува од „црвената фурија“ по 86 настап, вест што сигурно е прифатена како добра за неговите бројни хејтери.

Жерар Пике фудбал Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.