Норвешките репрезенти во крос-кантри се апсолутни владетели во дисциплината скијатлон на Зимските олимписки игри. Ги освоија сите три медали и ја оправдаа улогата на фаворити и во Пјонгчанг
Златното одличје го понесе Симен Хегстад Кругер кој во трката на 15 километри плус 15 километри скијатлон слободен стил ја истрча со време 1:16,20 часа. Втор резултат на патеката во во Алпенсија центар забележа неговиот сонародник Мартин Јонсруд Сундби (1:16,28 часа), а трет беше Ханс Кристофер Холунд (1:16,29 часа).