Манфред Мелг победи во машкиот слалом во рамки на Светскиот куп во алпско скијање што вечерва се возеше на Слјеме крај Загреб. До првиот ФИС триумф по пауза од, речиси, осум години Италијанецот стигна со време 2:00,03 минути. Второто место, со заостанување од 72 стотинки, го освои Феликс Нојројтер од Германија, а како трет на пиедесталот се искачи Норвежанецот Хенрик Кристоферсен (+77 стотинки).
Марсел Хиршер заврши како шести (+1:43 секунди), но останува лидер во Светскиот куп со 753 бода пред Кјетил Јансруд од Норвешка со 482 и Французиот Алексис Пинтуро со 465. Машкиот скијачки карван се сели во швајцарски Аделбоден каде викендот е закажан велелсалом.