Published: Monday, June 1, 2015 10:43
Во Албанија е регистриран првиот брак меѓу двајца хомосексуалци, јави МИА.
Се работи за двајца Британци кои веќе подолг период живеат и работат во Албанија. Доналд Холдер и Мајкл Креан бракот го склучиле во британската Амбасада во Тирана.
Нивниот брак е прв кој јавно се склучува во Албанија меѓу две лица од ист пол. На церемонијата присуствувале и двајца претставници на ЛГБТ заедницaта од Тирана.




