Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје: Работниците ѝ го свртеа грбот на Владата – нашата борба продолжува!

0
By Zoran Ivanov on January 29, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 29, 2026 09:30

Работниците побараа до крајот на идната недела пратениците да изгласаат зголемување на минималната плата. Пред Владата, симболично им го завртеа грбот, на оние, како што велат, што ним им го вртат грбот.

Весна Дамчевска

Заврши вечерашниот протест на кој се собраа илјадници незадоволни работници, предводени од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Работниците бараат да се зголеми минималната плата на 600 евра и сите други плати за 6.000 денари.

Претседателот на Сојузот на синдикати, Слободан Трендафилов, од пред Собранието порача дека работниците очекуваат пратениците да изгласаат зголемување на минималната плата.

„Една година пратениците одбиваат да донесат закон за зголемување на минимална плата. Многу лесно се паѓа од фотелја на работничко столче. Ако до крај на недела не изгласате закон за раст на минималната плата, ќе бидеме пожестоки. Ако вие не ги корегирате нашите плати, ние ќе дојдеме по вашите. Ќе побараме намалување за 80 проценти. А ви следи ново зголемување за 10 проценти. Вие ќе си ги зголемите платите за 200 евра, а работникот, кој ве гласал ќе го оставите без основни средства за живејачка“, рече Трендафилов.

Фото: Слободен печат / Драган Митрески
Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Следното запирање беше пред Стопанската комора. Работниците ги „поздравија“ газдите на компаниите со громогласно „уаааа!“.

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

„Да ги поздравиме нашите газди, нека нè гледаат на вести. Тука ќе бидеме и утре. За една година ни се зголемија трошоците за 6.000 денари. Не сме биле продуктивни. А тие се многу продуктивни – за поршиња и за одмори во Грција. Нека си продададат нешто. Ќе блокираме улици, ќе донесеме одлука за генерален штрајк во приватниот сектор, за првпат во историјата“, рече Иван Пешевски, потпретседател на ССМ за приватниот сектор.

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Крајот на протестот беше резервиран за Владата. Од ССМ, во изминатиов период постојано повторуваа дека „Владата ги пуштила низ вода работниците“ со тоа што ја оставила одлуката за зголемување на минималната плата на работодавачите.
Од ССМ велат дека овој протест кој се одржа под мотото „28-ми Јануари е денот кога работниците зборуваат!“ е само почеток на работничкиот отпор против експлоатацијата на работничкиот труд.

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

„Нас не нè собра политика, туку празни фрижидери, синдикална кошница од 65.000 денари што не може да си ја дозволиме. Вчера слушнав дека поради мене во јавниот сектор не се зголемија платите за 40 проценти. По една година преговарања, не ви личи такво нешто да кажувате. Ако требаше 100 договори ќе потпишавме, само да им заголемување на платите. Ова се наши пари. Им порачувам на овие позади: Рацете настрана од работниците и од синдикатите“, рече Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на УПОЗ.

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Ова всушност беше одговор на премиерот Христијан Мицкоски кој во телевизиско интервју рече: „Се водеа и преговори за зголемување на платите на административните службеници за 8 отсто годишно или реален раст за 40 отсто за 4 години, но тие преговори со репрезентативните синдикати пропаднаа бидејќи некој бил политички заробен“.

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

На крајот од протестот, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов ги повика работниците симболично да ѝ го свртат грбот на Владата.

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

„Ако нема слух од спротивната страна и продолжи игнорантскиот однос и односот со потсмев кон работничката мака продолжуваме со блокади, продолжуваме со таргетирани институции и таргетирани локации каде што ќе ги блокираме како што не блокираат нас цела година.

Продолжуваме со генералниот штрајк во јавниот и во приватниот сектор. 24 часа ќе го блокираме општеството и ќе го блокираме системот кој е највиновен за моменталната состојба. Ќе собереме 10.000 потписи, ќе станеме овластен предлагач на закони како пратениците и ќе побараме да се изгласа намалување на нивните функционерски плати за 80% затоа што ќе ги зголемат за уште десет проценти и се разбира, ќе побараме да ја зголемат минималната плата на најмалку 600 евра и за 100 евра да ги зголемат сите останати плати на работниците.

Револтот ќе продолжиме да го изразуваме и на улица и институционално, бидејќи оние на власт мора да разберат дека сиромашен им е народот и дека водат најсиромашна држава со најсиромашни работници“, рече Трендафилов.

Текст и фото: Слободен печат.мк

плати протест работници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.