Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје: Апелацискиот суд ја поништи забраната за штрајк на контролорите на летање

0
By Zoran Ivanov on December 3, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопскиот Апелациски суд ја поништи забраната за штрајк на контролорите на летање во претпријатието во државна сопственост М-НАВ. Синдикатот на контролорите на летање може да го реализира штрајкот кој беше закажан за 20 октомври, меѓу двата изборни круга.

Судијка од Граѓанскиот суд донела времена мерка „забрана за штрајк“, без некој во тужбата да го побара тоа од неа, а Совет од тројца апелациони судии утврдил дека судијката го повредила членот 2 од Законот за парнична постапка и предметот го врати на повторно судење во Граѓанскиот суд.

Во образложението се наведува дека не можело да се види како судијката од Граѓанскиот суд – Скопје утврдила дека се бара да одреди времена мерка „забрана за штрајк“, кога со тужбата не се барало времена мерка.

Првостепениот суд во своето нејасно решение, не дал образложени причини поради кои прифатил дека поднесената тужба претставува предлог за привремена мерка. Граѓанскиот суд направил сопствена правна оцена за нешто што не е предмет на тужбеното барање, стои во образложението на одлуката на Апелациониот суд.

Кон средината на декември е закажана повторната расправа во Граѓанскиот суд Скопје, кога Синдикатот на контролори на летање се надева дека конечно ќе биде повикан за да изнесе аргументи против сите тврдења во тужбата на Управниот одбор на М-НАВ составен од тројцата директори.

При повторното судење, Апелациониот суд бара од судијката да ги почитува упатствата од повисокиот суд.

 

Апелација МАНАВ Суд штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Руски астронаут отстранет од мисијата на „Спејс икс“ поради сомнение за шпионажа

December 3, 2025

Син на украински политичар е жив запален во Виена, момчето имало само 21 година

December 2, 2025

Вонреден говор на Вучиќ: Немаме добри вести, Русите не сакаат да продаваат

December 2, 2025

Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан

November 30, 2025

Швајцарија: Граѓаните гласаа против оданочување на многу богатите

November 30, 2025
ФОКУС

Ушаков: Разговорот меѓу Путин и Виткоф беше корисен, конструктивен и значаен

ВЕСТИ December 3, 2025

Разговорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, беше корисен,…

Уставната судијка Дабовиќ-Атанасовска се повлече, вели дека оставката е од лични и семејни причини

December 2, 2025

Уапсена бившата шефица на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини, обвинета е за финансиска измама

December 2, 2025

САД не гледаат потреба Рубио да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО

December 2, 2025
ТИКЕР

Руски астронаут отстранет од мисијата на „Спејс икс“ поради сомнение за шпионажа

December 3, 2025

Син на украински политичар е жив запален во Виена, момчето имало само 21 година

December 2, 2025

Вонреден говор на Вучиќ: Немаме добри вести, Русите не сакаат да продаваат

December 2, 2025

Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан

November 30, 2025

Швајцарија: Граѓаните гласаа против оданочување на многу богатите

November 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.