По семејна расправија доцна синоќа скопјанец се самозапалил во домот, а пламенот потоа се проширил и предизвикал пожар.
Двете деца и жената се повредени во пожарот, кој избувнал десет минути по полноќ.
По кавгата со сопругата, 37-годишен жител на скопското село Инџиково излегол на терасата, се полеал со бензин и се самозапалил.
Но, дел од течноста се излеала по скалите во куќата и настанал пожар.
Сопругата и двете малолетни деца (15 и 13 години), бегајќи од куќата при слегување по скалите се здобиле со изгореници по нозете.
Со тешки изгореници по телата, тие веднаш се префрлени во Градската болница.
Првично, од пожарот е причиниета незначителна материјална штета, а деталите ќе бидат утврдени при денешниот увид на надлежните институции.