Вчера во 10:10 часот во СВР Велес, Ѓ.П. (81) од Велес пријавил дека во неговиот дом во Велес од едно лице бил физички нападнат, при што му биле одземени пари, мобилен телефон и документи.
Во врска со настанот од полициски службеници бил лишен од слобода Л.М.(20) од Скопје со привремен престој во Велес. Тој бил задржан за понатамошна постапка. Известен е и Јавен обвинител. Се работи на целосно расчистување на случајот.