Иако знаел дека возилото не ги исполнува условите за такво одобрение, изготвил лажна потврда со што на сопственикот му овозможил фалсификуваната докуметација да ја употреби пред Бирото за метрологија при Министерството за економија и ОВР Струга за негова регистрација.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.А.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, во својство на овластен технички испитувач во правен субјект од Скопје, ја искористил својата службена положба и овластување и противзаконски започнал постапка за единечно одобрување на товарно возило „Мерцедес“, сопственост на правно лице од Лабуништа.
Потоа, иако знаел дека возилото не ги исполнува условите за такво одобрение, изготвил лажна потврда со што на сопственикот му овозможил фалсификуваната докуметација да ја употреби пред Бирото за метрологија при Министерството за економија и ОВР Струга за негова регистрација.