Водата за пиење во Скопје е бактериолошки исправна и безбедна, се вели во неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.

Анализите, како што е посочено во соопштението на компанијата, се спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој всушност е прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

„Секторот за санитарна контрола во периодот од 18 јули до 22 јули зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење“, порачуваат од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.