Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопјани „видоа музика, слушнаа слики и добија книга“

0
By Нова ТВ on June 21, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 21, 2013 11:55

Синоќа по шести пат во Градскиот парк во Скопје, се одржа традиционалната мултимедијална Манифестација „Види музика, слушни слика, добиј книга“ во организација на Македонската филхармонија и Младинскиот Културен Центар-Скопје.

Во градскиот парк во Скопје атмосферата ја вжештија евергрини од „Абба“, „Би џис“ и Мајкл Џексон кои во еден класичен аранжман ги отсвири Македонската филхармонија, а диригирани од палката на исклучителниот Тимоти Редмонд од Велика Британија.

Изборот на музиката падна врз повеќе незаборавни музички нумери, светски диско хитови од ’70-те и ’80-те години, преработени за голем симфониски оркестар и музички бенд, добро познати на сите генерации, а наменети за одлично музичко доживување на сите консументи.

Спектаклот го дополнија ликовните перформанси на академските сликари, браќата Емил и Тони Шулајковски, коишто сликаа на платна со огромни димензии: 10 х 3 метри, со повеќе големи четки, десетици литри маслени и акварелни бои, што несомнено, како и секоја година, претставуваше вистинско ликовно празнување за вљубениците во ликовната уметност.

Годинава, изборот за 20 000 примероци-подарок книги е збирката песни „Еден ден ќе се сретнеме“ на реномираниот македонски поет Никола Маџиров.

Книгата е избор од досега необјавени песни на Маџиров и од песни од поетските збирки: „Заклучени во градот“, „Некаде никаде“, „Асфалт, но небо“ и „Преместен камен“. Мотивот на корицата на збирката песни „Еден ден ќе се сретнеме“ е позајмен од делото „Рибарче“, 1957, на починатиот академски сликар, Иван Велков.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.