По откажувањето на нивната европска турнеја во 2019 година, која ги опфаќаше и Скопје и Македонија, Авалон Продукција го одржа ветувањето и го потврди
доаѓањето на еден од најголемите, највозбудливи и сигурно најконстантни
по својот квалитет рокенрол бендови во овој век PLACEBO, на 16-ти јули 2022
година, на стадионот на АРМ во Скопје.

Само неколку дена по објавувањето на една од најубавите
нивни песни досега, новиот сингл „Beautiful James“, најава за новиот албум –
добивме дозвола да го објавиме и овој голем евент.


Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок, 15-ти октомври во 09
часот наутро по следниве цени и категории:

Авалон Продукција ги објавува и цените на билетите

ПАРТЕР: 1500 денари
ФАН ПИТ: 1990 денари (само 1000 влезници во продажба)

ВАЖНО: Со објавата за овој концерт, започнува серијата на објави на големи
светски имиња за Македонија и регионот за 2022 година!
Бидете живи и здрави и убави како што сте и досега, и останете вклучени на
нашите платформи. Се спрема ѓаволски добра година!