Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје Филм Студио: Срамна е одлуката за неучество на Оскар

0
By Нова ТВ on September 20, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 20, 2013 13:37

„Комисијата за избор на игран филм кој ќе ја претставува Македонија во трката за најреномираната филмска награда ОСКАР во категоријата филм од неанглиско говорно подрачје, составена од Горјан Тозија претседател и членовите: Лабина Митевска, Сашко Коцев, Дуле Кардалевски и Игор Алексов – Битлс, донесоа срамна одлука оваа година Македонија да нема свој претставник“, смета Скопје Филм Студио.

– Со ова, тие го прекршија првиот член на статутот на ДФРМ, каде пишува дека тоа е организација составена од филмски професионалци кои ќе се грижат за промоција и афирмација на македонскиот игран филм. Во образложението на оваа комисија се вели дека Македонија оваа година ќе остане без свој претставник за Оскар, затоа што филмовите според темите и начинот на кој се прикажани не биле адекватни да бидат прикажани пред членовите на американската академија! Ваквото образложение е недоветно и смешно.

– Ништо нема да може да го симне срамот, кој што оваа група го направи на филмот и културата воопшто. Затоа сакам да им поставам неколку прашања.

Од Скопје Филм Студио поставуваат прашање до Лабина Митевска: Дали нејзиниот филм “Јас сум од Титов Велес” го смета за порелевантен претставник за Оскар? И како тоа филмот „Соба со Пијано“ што го поканивте да го отвори ИФФК „Браќа Манаки“, филмот за кој ме убедувавте дека мора да биде во конкуренција за награда, затоа што бил добар, филм за кој по Премиерата ми честитавте, рековте дека е одличен, одеднаш сега според вас не е адекватен да биде кандидиран за Оскар. И што значи неадекватен филм?

Прашање до Сашко Коцев од Скопје Филм Студио: Дали смета дека филмот “Трето полувреме”, каде тој ја игра главната улога, е неуспешен бидејки не доби номинација или пак беше важно да ја претстави државата и културата во најдобро можно светло? Или актерската игра на твоите колеги од “Соба со пијано” не ги задоволува твоите стандарди? Или можеби е неадекватна?

Скопје Филм Студио смета дека останатите двајца членови на комисијата, бидејќи не работеле на игран филм не ги сметам за компетентни во носењето на вакви сериозни одлуки. Тие немаат кредибилитет да членуваат во ваква комисија.

„Горјан Тозија немам потреба да го прашувам ништо. Ова име со години наназад е симбол на темната страна на филмот, личност поради која македонскиот филм е постојано обоен со скандали и скаламуции. Човек кој ДФРМ го претвори во гранапче за отстварување на ситни лични профити. Го повикувам веднаш да си замине од функцијата претседател на ДФРМ.

– Бидејќи е јасно дека оваа комисија предводена од Тозија не може да функционира нормално, колегијално и во духот на филмот, го повикуваме Управниот одбор на ДФРМ под итно да се состане и да ја преиспита целата процедура за избор на македонски кандидат за Оскар.

– Се надеваме дека сепак ќе се изнајдат сили и законски можности да се корегира одлуката и Македонија да добие свој претставник за Оскар“, соопштуваат од Скопје Филм Студио.

Претседателот на Комисијата на Друштвото на филмски работници на Македонија, Горјан Тозија- Медо за НОВА излезе со одговор до Салковски и Иванов во врска со соопштението:

-Соопштението е простачко, полно со невистини и говор со омраза и тоа не е стил со кој комуницираат филмски луѓе во светот.

Toa e локален говор каде и припаѓаат и режисерот и продуцентот на филмот.

За она дали јас сум работел во Кино око- јас од 2007 не работам никаде а за Кино око сум работел како слободен филмски работник, како што сум работел за МГМ, Ворнер брадерс и Дрим Воркс.

Воедно, не гледам потреба од толкава паника и стресови, бидејќи ако филмот не е адекватен за Америка, можеби е за Кан и можеби би добил Златна палма, што јас од срце им посакувам.

Одлуката беше донесена едногласно и комисијата е таа која одлучува за нашиот кандидат, предложен од ДФРМ а верификувано од Американската филмска академија.

Ме зачудува што на прес-конференцијата по премиерата на филмот тие веќе самите се прогласија за македонски кандидат за оскар, пред воопшто да го видиме филмот.

Притисоците не беа пријатни да се чувствуваат, вели во реакцијата Горјан Тозија за НОВА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.