Речиси 5.000 учесници има на стартот на деветтиот скопски маратон кој денеска започнува од 9 часот.
Стартот на трката која е долга 21 километар e на ул. „Димитрије Чуповски“ во близина на Рекорд, а финишот кај ПортаМакедонија, на Плоштадот во Скопје. Град Скопје објави дека од 07:30 до 14:00 часот режимот на сообраќај ќе биде изменет.
Од 07.30 до 14 часот се затворени улицата Димитрије Чуповски, булевар Илинден“, улица Франклин Рузвелт, улица Војвода Васил Чакаларов“(Адолф Циборовски), улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, потоа 11 Октомври, делот на булеварот Крушевска Република од семафорите кај Тутунски Комбинат до семафорите кај Полициска Станица Пролет ,булевар Трета Македонска Бригада од семафорите кај Полициска Станица Пролет до крстосница со улица Фрањо Клуз, десната коловозна лента од булевар Јане Сандански од Тобако во правец кон Аеродром се до крстосница со булевар Србија.
Делумно затворени за сообраќај- булевар Климент Охридски, улица Љубљанска, булевар Партизански Одреди, улица Московска.
Во согласност со променетиот режим на сообраќај, променет е и режимот на линиите на Јавниот градски превоз.