Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скоро 100.000 спасувачи и медицински персонал распоредени во Турција

0
By Соња Крамарска on February 8, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Трет ден по разорните земјотреси што во понеделникот на 6 февруари го погодија јужниот дел на Турција, бројот на жртвите се зголемува. Според последните податоци на Управата за вонредни ситуации (АФАД), во земјотресите во Турција загинале 7.108 лица , додека 40.910 се повредени. Во десет турски провинции опустошени од земјотресот во моментов се распоредени 96.670 спасувачи, медицински и друг персонал.

Според податоците на АФАД, поставени се 70.818 семејни шатори со 123.395 кревети и 300.000 ќебиња. Поделени се 512.436 топли оброци, 322.264 порции супа, 490.813 литри вода, 406.040 лебови, 1.314.730 безалкохолни пијалоци, 16.700 чаеви, 151.715 други пијалоци.

Во моментов на теренот има 5.434 возила, вклучувајќи багери, трактори, кранови, камиони, распоредени се 122 авиони и 10 бродови. Воспоставен е воздушен лифт за транспорт на персонал и материјали од Истанбул, Анкара и Измир до погодениот регион.

Континуирано се прават напори за потрага по преживеани во урнатините. Утрово спасувачите успеале да ги извлечат мајката Хатица (46) и нејзините ќерки Елиф (12) и Ајџа Текин (10) од урнатините на петкатната зграда во Адијаман, Турција. Двомесечно бебе било спасено од урнатините во градот Елбистан во Кахраманмарас, дури 48 часа по земјотресот. Во центарот на Кахраманмарас под камените блокови беше извлечено двегодишното момче Микаил.

Скоро 70 земји ширум светот ги понудија своите спасувачки услуги, од кои 5.309 се веќе на терен.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган од утрово е во посета на регионите на југот на земјата.

Разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ги погоди јужните провинции на Турција и северните погранични региони на Сирија во понеделникот наутро, во 4:17 часот по локално време. Најмногу настрадаа јужните турски провинции Кахарамнараш, Хатај, Османије, Адијаман, Шанлиурфа, Дијарбакир, Малатија и Адана. Истиот ден, во попладневните часови, во 13 часот и 24 минути по локално време, Турција беше погодена од нов земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала со епицентар во областа Елбистан, исто така во Кахраманмарас.

земјотрес 2023 спасувачи Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.