Слаб земјотрес чиј епицентар потекнува од скопското епицентрално подрачје е регистриран вечерва во 19 часот и 13 минути од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Од досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Скопје со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала .