Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Славеник: Путин 64. роденден ќе го прослави во кругот на семејството

0
By Нова ТВ on October 7, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска го слави 64. роденден, а неговиот портпарол им изјави на новинарите дека ќе го прослави во кругот на роднините и пријателите.

Меѓу подароците кои досега ги добил од шефови на државни се ретки книжевни изданија, копија на Мономаховата капа, тигар, па дури и крокодил. Во чест на рускиот лидер, претседателот на Индонезија засвирил на својата гитара и му ја отпеал Happy Birthday to You, а колегите од Кина и Јапонија му подариле торта и традиционален јапонски пијалок – саќе.

Во колекцијата со подароци се наоѓа и копија на капата на Мономах, како и специјална мапа од федералните окрузи направена од уралски полускапоцен камен. Интересен е и подарокот на претседателот на Монголија од кој Путин добил крокодил со посвета: Крокодилот е единственото животно кое што не оди наназад.

За својот 58-ми роденден Путин добил подарок – младенче на тигар старо два и пол месеци со име Маша. Денес тигарот живее во Зоолошка градина во Гелендик. За шеесетиот роденден Путин од рускиот премиер Димитри Медведев ја добил ретката книга на Александар Бену за „Царското село“ од 1910-та година.

355834-1ad6b538-e60a-11e3-8f8d-558a252c2709

Меѓу подароците кои што Владимир Путин ги добил за својот роденден може да се најде и позлатена фудбалска топка која што ја добил од претставници на ЦСКА Москва во чест на освојувањето на УЕФА купот во сезоната 2004/2005 и 11 од 30 томови од делата на Александар Солженјцин, подарок од неговата вдовица Наталија.

И за крај, кралот на Бахреин, Хамад Бин Иса Ел Халиф минатата година на Владимир Путин му подарил „Меч на победата“, направен од челик од Дамаск и разни племенити метали кои што ги порачал лично за себе.

Голем дел од овие подароци можат да се најдат во неговата претседателска библиотека, додека пак, како што пренесуваат руските медиуми, Владимир Путин само дел од подароците од своите најблиски пријатели ги задржувал за себе.

Владимир Путин роденден Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.