Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Славица Грковска од Љупчо Николовски ја презеде функцијата вицепремиер за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси

0
By Mirjana on January 17, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 17, 2022 14:51
Во Кабинетот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, денеска се изврши примопредавање помеѓу досегашниот вицепремиер Љупчо Николовски и сегашната вицепремиерка Славица Грковска. Николовски и упати честитки на Грковска за новата функција и ја запозна со досегашните преземени мерки во областа на борбата против корупцијата и криминалот, како и за мерките од подготвениот нов План за борба против корупција 2022.
Славица Грковска доаѓа од позиција на  главен системски аналитичар во Секторот за информатичка технологија, Оддел за информатика и телекомуникации во Министерството за внатрешни работи, каде што исто така e задолжена и за процесот на дигитализација во Министерството. Исто така била CAO и HR менаџер во неколку ИТ компании. Учествувала на повеќе обуки и конференции и е поранешен пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.
Николовски посочи дека во изминатиот период се сработи многу и се поставија системски темели во борбата против корупцијата и криминалот. За прв пат се донесе План за борба против корупција со 18 системски мерки, се донесе нов поприменлив Етички кодекс со кој се опфатија сите именувани функционери, спроведени се 15 обуки за над 180 функционери, вклучувајќи ги министрите, замениците министри, директори, државни секретари за одредбите од Кодексот. Во изминатата година и половина се исполнија препораките од ГРЕКО, се обезбедија нови простории за ДКСК, се обезбедија 49 милиони денари за ДКСК за потребниот регистар на Комисијата за избрани и именувани лица и поврзување со останатите 17 институции од кои треба да ги црпат релевантните информации. Се изготви и во функција е новиот Национален регистар на вистински сопственици, за точни и ажурни податоци за вистинските сопственици на фирмите. Се подигна нивото на транспарентност и отчетност – сите министерства и органи, но и сите општини и општините во Градот Скопје, ги објавуваат на своите веб страни 22-те категории на документи и информации согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со кои се зголемува транспарентноста при работењето на институциите. Започнат е процесот за дигитализација на институциите, за елиминирање на човечкиот фактор, за брзи и ефикасни јавни услуги. Владата ги усвои предлог измените и дополнувањата на Законот за личната карта, Законот за матичен број, Законот за државјанство, Законот за личното име, Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија и Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, како дел од клучните закони за дигитализација на институциите, и истите закони веќе се во собраниска постапка.
Се зголеми употребата на Националната платформата за интероперабилност, институциите се приклучуваат и разменуваат податоци. Со измени и дополнувања за Законот за јавни претпријатија и јавни установи, се намалува бројот на членови на управни и надзорни одбори, се регулира постапката за избор и висината на надоместокот. Започна со работа системот за Е-инспектор, првите три клучни инспекторати (Пазарен, Трудов и Управен).За оваа година и половина се зголемија буџетските средства за јавните обвинителства во делот на зајакнување на кадровските капацитетите и набавка на информатичка опрема за оперативно работење. Институциите се задолжија и подготвуваат годишни антикорупциски програми согласно делокругот на својата надлежност. Институциите подготвуваат и јавно ги објавуваат интерните процедури за спроведување на постапките за јавни набавки. Институциите назначуваат овластени лица за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување согласно Законот за заштита на укажувачите за постоење на евентуална корупција. Во функција се одлуките за ограничување на трошоците за угостителски услуги за работни состаноци во угостителски објекти и одлуката за регулирање на начинот на користење на службените возила на функционерите. Во функција е Е-системот за следење предмети и претставки, за граѓаните и правните лица да пријавуваат проблеми за непостапување по основ на бараните услуги и предмети. Со поддршка од Советот на Европа за прв пат се подготвува Закон за потекло на имот, драфт верзијата е готова, а усвоена е националната Стратегија за јакнење на капацитетите на институциите за водење на финансиски истраги и конфискација на имот со Акциски план 2021/23 година.
Николовски посочи дека е подготвен нов План за борба против корупција 2022, со четири столба: дигитализација, независно и ефикасно правосудство, професионализација на институциите и превентивни мерки за борба против корупција. Дел од мерките од новиот План предвидуваат  предлог-декларацијата за борба против корупцијата како стратешки приоритет на државата и државните политики и ја достави до Собранието на РСМ за истата да ја донесе, воведување на аудио и видео надзор за начинот на преземање на службените овластувања од страна на царинските службеници, за превенција од евентуални коруптивни однесувања од страна на службениците, приклучување на уште 13 инспекторати во системот Е-инспектор. Во новиот План е предвидено формирање на 4 нови истражни центри во обвинителствата и нивно кадрово и техничко екипирање како и зајакнување на процесите за спроведување на јавните набавки преку ставање во функција на е-пазар за набавки од мала вредност, воспоставување на регистар на цени на стоки и услуги, автоматска прераспределба на членовите на комисиите за јавни набавки.
ја презеде функцијата вицепремиер за борба со корупцијата Славица Грковска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.