02.30:
Според последните официјални информации 120 лица загинаа вечерва до досега невидени напади во Париз и тоа најмногу во салата Батаклан и парискиот стадион.
02.24: Реакции од целиот свет пристигнуваат во Франција: Израел, Канада, Холандија, Белгија, претседателот на ЕУ Доналд Туск. Знамињата во Европската комисија утре ќе бидат спуштени како знак за сочувство и солидарност со францускиот народ. Од нашиот регион само Црна Гора испрати сочувство до Франција.
Властите на Париз најавија дека утре сите јавни места ќе бидат затворени: училишта, музеи, библиотеки, базени, пазари.
02.21: Турскиот претседател Ердоган испрати порака со сочувство до Франција и побара “консензус во борбата против тероризмот”.
02.10: Десетици граѓани на Франција на Фејсбук и Твитер бараат вести за своите најблиски кои биле на концертот на салата Баталкан или на парискиот стадион. Фејсбук отвори страна на која можат да остават порака оние кои се на безбедно место.
https://www.facebook.com/safetycheck/paris_terror_attacks/?search_type=safe
01.50: Советот на муслиманскиот култ најостро ги осуди нападите во Париз.
Реакција од рускиот претседател Владимир Путин со осуда на нападите и сочувство до францскиот народ.
01.41: Според полицијата најмалку 140 жртви во салата Батаклан.
01.14:
Според полицијата, јавува агенцијата АФП, во салата Батаклан има 100 мртви. Полицијата влезе во салата каде што терористите држеа заложници и ги убиваа еден по еден. Полицијата застрела тројца терористи и ја ослободи салата.

01.00:
Француските медиуми велат дека нападот за ослободување на заложниците во салата Батаклан е завршена. Двајца од напаѓачите биле убиени.
Реакции доаѓаат од сите страни. Првата реакција беше на Дејвид Камерон, потоа Барак Обама, пред малку реагираше Шпанецот Мариано Рахој кој порача дека шпанскиот народ стои до францускиот во овие тешки мигови. Реакции стасаа од првите луѓе на ЕУ – претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер и претседателот на ЕП Мартин Шулц.
00.30:
Последните информации велат дека полицијата врши во моментов напад против терористите во салата Батаклан
00.25:
Париската општина на Твитер вечерва побара од сите жители на градот да останат во своите домови и да не излегуваат.
Нападите вечерва се одвивале на седум различни места во градот.
00h20:
Сите училишта кои требаше да отворат и да примат ученици во сабота наутри добија наредба да останат затворени.
00.16:
Безбедносните сили досега немаат ниту една трага ниту информација за авторите на овие терористички напади.
Францускиот претседател пред малку прогласи воена состојба во Франција и затворање на сите граници. Тој изјави дека знае од каде доаѓаат нападите но прецизираше за кого станува збор.
Според аналитичарите кои реагираат на француските медиуми, автор на нападите е ткнр. Исламска држава а повеќе извори тврдат дека пред парискиот стадион еден терорист се самоубил.
Ситуацијата во Париз е хаотична и информации доаѓаат од повеќе страни. Сите безбедносни сили се мобилизирани на повеќе места низ градот. Повикана е и војската да влезе во акција.
Според информациите можеби 60 лица вечерва загинаа во повеќе напади кои вечерва се случија во Париз.
На парискиот стадиот дојде до три експлозии во кои три лица загинаа, јави париската преферктура. На стадионот се играл пријателски натпревар помеѓу Франција и Германија на кој присуствувал и францускиот претседател Оланд кој веднаш бил евакуиран.
На улицата Шарон во Париз и во познатата концертна сала Батаклан во која се одржуваат претстави во тек е заложничка криза, тврди полицијата. И во тек обид за упад во салата од страна на полицијата за ослободување на околу 100 заложници. Според сведоци на социјалните мрежи, непознати лица во салата ги убиваат присутните. Присутните со салата се надеваат дека полицијата брзо ќе реагира.
Во 22.30 часот полицијата изјaви дека имало најмалку три места на кои имало пукање и експлозии а потоа од повеќе места во градот стасаа вести дека има повеќе напади во целиот град.
Полицијата засега не дава информации за бројот на жртвите ниту пак за местата каде што наводно има нови напади и им порачува на граѓаните да не ги напуштаат своите домови.




